Фабрегас проговори за својата иднина во Челси

by
1 минути читање

Поради тоа што не е во стартниот тим на Антонио Конте, Фабрегас постојано се поврзува со заминување од Челси, но Шпанецот вели дека и следната сезона ќе го носи синиот дрес.

Запрашан дали и следната сезона ќе биде во Челси, Фабрегас децидно одговара: „100%. Не размислувам за ништо друго освен за останување. Ситуацијата од пред шест месеци до сега многу се промени“.

„Имаше многу шпекулации но не можете да ги сопрете нив, не ми е гајле што велат луѓето, ниту една секунда не сум помислил на заминување“.

„Понекогаш е премногу лесно, нема да играте два натпревари, станувате фрустриран и загрижен и сакате да одите на друго место, но со мене е спротивно. Тоа ми е дополнителен предизвик“.

„Го знам мојот мозок и што можам да направам и дали сум подобар од другите или не. Знам што можам да му дадам на тимот, напредувам, го слушам тренерот, што тој сака а што не сака, се знам себеси, знам што можам“.

„Се докажувам секогаш кога ќе добијам шанса и нема да сопре тоа додека не играм на секој меч, што е нешто што го сакам“.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани