Мурињо: Мислев дека е неправда тоа што Челси ми даде отказ лани, но сега кога видов што му се случи на Раниери…

by
1 минути читање

„Специјалниот“
минатата сезона имаше слична судбина како онаа што сега го снајде Клаудио
Раниери.

По слабите
резултати, Челси му врачи отказ на Жозе Мурињо, и покрај тоа што само неколку
месеци претходно „Специјалниот“ на „Сините“ им донесе титула во Премиерлигата.

„Минатата сезона,
кога бев избркан како шампион, мислев дека тоа е неправда
– вели Португалецот.

„Но сега гледам
дека тоа не е ништо во споредба со она што му се случи на Клаудио
.

„Тој веројатно
заслужува да го именуваат стадионот според него, но наместо тоа доби отказ
.

„Лестер испиша
историја две години по ред. Еднаш поради тоа што ја испишаа најубавата приказна
во фудбалот. И сега, поради одлуката која ги обедини речиси сите во светот на
фудбалот, бидејќи ова е многу, многу тешко за прифаќање
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани