Шпанецот не ја добива
минутажа која ја посакува во Реал Мадрид, па често се говори за негово
заминување од Сантијаго Бернабеу, а Барселона се посочува како една од опциите.
Но една ваква
зделка нималку не е лесна.
Според пишувањата
на Мундо Депортиво, по контроверзниот трансфер на Луис Фиго од Барса во Реал
Мадрид, двата клуба направиле пакт да не купуваат играчи еден од друг.
Но Флорентино
Перез сакал дополнително да се осигура дека ниту еден играч на Реал нема да се
пресели на Камп Ноу, па во договорите на секој фудбалер има анти-Барса
клаузула.
Ваква клаузула
има и во договорот на Иско, па за фудбалерот од средниот ред да се пресели
во Барса, ќе треба да почека до 30. јуни 2018 кога ќе му истече договорот со
Реал Мадрид.
Па затоа многу поверојатно е тој да направи трансфер во друг клуб, се верува дека прв фаворит е
Манчестер Сити и Пеп Гвардиола.