Мурињо со поддршка за Раниери: Продолжи да се смееш пријателе, никој не може да ја избрише историјата која ја испиша (ФОТО)

by
1 минути читање

Не помина ниту една година откако му донесе сензационална титула во Премиерлигата на Лестер, Клаудио Раниери доби отказ кој синоќа проструи како шок.

Многумина сметаа дека по таквиот успех и по цена на испаѓање Лестер требаше да го задржи Раниери, но така не мислат и сопствениците на клубот.

Еден од оние кои се јавија со поддршка беше и жозе Мурињо кој на својот инстаграм профил објави фотографија со Раниери и напиша:

„Шампион на Англија и ФИФА менаџер на годината, отпуштен. Тоа е новиот фудбал Клаудио. Продолжи да се смееш пријателе, никој не може да ја избрише историјата која ти ја напиша“.


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани