Дебелкото од Сатон: Сакаат да ме сликаат гол

by
1 минути читање

Дебелиот голман на Сатон, Вејн Шо е хит во изминативе денови. Најпрво по својата фигура, а потоа и по изедениот сендвич на клупата за резервни играчи додека се играше мечот против Арсенал.

Во меѓувреме Шо си поднесе отказ и ја заврши голманската кариера откако ФА покрена истрага дека бил дел од обложувачка местенка и затоа го изел сендвичот.

Зборувајќи за „Билд“, дебелиот голман открива и друга интересна приказна за него.

„Се случуваа луди работи. Изгледа сум вид на човек каков што луѓето сакаат да видат. Еден магазин ме праша дали ќе сакам да се сликам гол за нив, само со ракавиците на мене. Уште не знам што да им одговорам“ – открива Шо.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани