Мурињо бесен на ФА но нема да го копира Манчестер Сити

by
2 минути читање

„Црвените Ѓаволи“
се борат на четири фроната па имаат прилично густ распоред.

Денеска беше
објавено дека дуелот против Челси во ФА Купот е закажан за понеделник 13. март,
односно помеѓу два настапи на Манчестер јунајтед во Лига Европа.

Жозе Мурињо е
бесен на ФА за ваквата одлука, особено што се уште не е направена ждрепката за
осминафиналето во најмасовното европско натпреварување.

„Прилично сум
изненаден што одлуката е донесена пред ждрепката за Лига Европа
– вели „Специјалниот“.

„Бидејќи во овој
момент никој не знае каде ќе се игра првиот натпревар, каде ќе се игра вториот
натпревар, кој против кого ќе игра
.

„Замислете да
треба да играме против Челси во понеделник и потоа да патуваме на реванш во
Русија, Турција или Грција
.

„Па мислам дека
уште еднаш интересот на телевизиските куќи е ставен пред интересот на
англискиот фудбал, и никој не се грижи за ова
.

Манчестер Сити
минатата сезона се најде во слична ситуација, и тогаш „Граѓаните“ во знак на
протест решија да играат со втор тим.

Сепак, Жозе
Мурињо нема да го копира градскиот ривал.

„Не можам да
играм против Челси со втор тим, не можам да го копирам Манчестер Сити
.

„Ние сме
Манчестер јунајтед, не можеме да играме со втор тим
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани