Мурињо објасни зошто не смета на Лук Шо

by
2 минути читање

Левиот бек е во
немилост кај Португалецот, добива мала минутажа оваа сезона а во последно време за него
нема место ниту на клупата за резерви.

Се очекуваше Лук
Шо да добие шанса на реваншот против Сент Етјен со оглед на тоа дека Манчестер
јунајтед има сигурни 3-0 од првиот натпревар.

Сепак,
Англичанецот не се најде на составот од 20 играчи кои отпатуваа за Франција.

Зборувајќи на
вчерашната прес конференција, Жозе Мурињо објасни зошто не смета на Лук Шо.

„Зошто го оставив
Лук Шо во Манчестер? Бидејќи ги имаме Блинд, Рохо и Дармиан и тие играат
онака како што сакам еден бек да игра
– вели „Специјалниот“.

„Лук треба да ја
чека својата шанса. Мора да работи подоро и подобро знаејќи дека кај мене
ништо не е бесплатно
.

„Кога им давам
нешто на играчите, тоа е скапо. Тие мора навистина напорно да работат секој ден.
Мораат да играат добро
.

„Па мора да чека,
во овој момент заостанува зад другите
.

„Има голем
потенцијал и ми се допаѓаат многу работи кај него, но потенцијалот е една
работа а сосема друга е да ги покажите квалитетите на теренот. Можам само да му
порачам да го следи примерот на Хенрих Мхитарјан и да продолжи да работи напорно
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани