Подолго време
кружат гласини дека на адреса на Вејн Руни пристигнале богати понуди од Кина и напаѓачот
ќе ја продолжи кариерата на Далечниот Исток.
Неколку весници
денеска објавија дека Англичанецот дефинитивно го напушта Олд Трафорд и до крајот на
месецот ќе се пресели во Кина.
Мирор и „Д Сан“
имаат слични насловни страни, двата весника напишаа „Збогум Руни“.
Според пишувањата
на „Д Сан“, напаѓачот на Манчестер јунајтед во Кина ќе заработува 1 милион
фунти неделно или 1,2 милиони евра.
За една година
помината во Кина тој ќе инкасира околу 62,4 милиони евра и ќе биде фудбалерот
со најголема плата во светот.
И додека
весниците веќе го преселија Вејн Руни на Далечниот Исток, Скај Спортс вели дека
најверојатно напаѓачот нема да направи трансфер овој месец кога завршува
преодниот рок во Кина и сезоната ќе ја доврши во дресот на Манчестер јунајтед.