119
На стадионче со пет илјади гледачи, со вештачка трева и публика која ретко има можност да види Премиерлигаш, Арсенал го победи Сатон со 2-0.
Сатон не се посрамоти, одигра солиден натпревар против Арсенал кој не се испоти многу за да дојде до победа и пласман во четвртфиналето од ФА Купот.
Резултатот беше отворен во 26. минута преку Лукас Перез, по десет минути игра во вториот дел Волкот ги постави конечните 2-0 за Арсенал, за него ова беше јубилеен 100ти гол во дресот на Топчиите.
Арсенал имаше уште неколку одлични можности за гол, но се чини дека победата од 2-0 е реална за случувањата на теренот.
Арсенал во четвртфиналето ќе игра против Линколн.