ПСЖ и одржа лекција на Барселона, па не можеше да му даде гол на Тулуз (ВИДЕО)

by
1 минути читање

Само пред пет дена, ПСЖ со неверојатни 4-0 ја победи Барселона во првиот осминафинален натпревар од Лигата на шампионите, но синоќа изгледаше немоќно против Тулуз.

Унаи Емери крај аут линијата беше бесен на своите фудбалери кои мака мачеа да создадат посериозна шанса за гол кај мотивираниот тим на Тулуз.

Приликите кои ги имаа не ги искористија, а тоа значеше голем кикс во борбата за титулата со Монако кој игра одлична сезона.

По 26 одиграни кола во француското првенство Монако е прв со 59 бода, ПСЖ е втор со 56 колку што има и Ница на третото место.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани