Средбата на
Олимпискиот стадион во Берлин имаше драматчна завршница и трето полувреме.
Херта беше на
прагот да го фрли на колена актуелниот шампион Баерн Минхен, но откако беа
покажани 5 минути додатно време, Роберт Левандовски погоди во 96. минута за 1-1
на големо разочарување на домаќините.
Натпреварот не заврши тука, по последниот свиреж
на судијата се случи голем инцидент.
Карло Анчелоти
предизвика скандал, искусниот стратег им покажа среден прст на домашните
фанови.
Тренерот на Баерн
Минхен веднаш призна дека направил срамен гест, но рече дека имал добра причина
за тоа откако бил плукнат на патот кон подтрибинскиот простор.
Вчера немаше
слики од инцидентот, но камерите на ЗДФ сепак го уловиле гестот и утрово беше
објавен моментот кога Карло Анчелоти покажува среден прст.
На потег сега е
Фудбалската Федерација на Германија.