Во понеделник,
Арсенал гостува во јужен Лондон кај Сатон во ФА Купот.
Петолигашот од
Англија се соочува со многу проблеми и работи во тешки услови, а паричната
награда од досегашниот настап во ФА Купот и тоа како ќе им помогне да средат
доста работи.
Сепак,
реновирањето ќе започне по дуелот со Арсенал, „Топчиите“ нема да добијат
никаков посебен третман.
„Околу две
секунди размислувавме да ставиме нови тушеви!” – вели менаџерот на Сатон, Пол Досвел.
„Но потоа си
рековме, не сме го сториле тоа за никого претходно па нема да го сториме ниту
сега”.
„Не се правиме
паметни, едноставно не можеме да си го дозволиме тоа”.
Ѕвездите на
Арсенал ќе се тушираат со ладна вода, но барем во соблекувалната ќе им биде
топло и тоа само поради тоа што радиаторите не можат да се исклучат.
„Еден играч ми
кажа дека во соблекувалната било претопло кога играле против нас. Му одговорив
дека тоа е така бидејќи се расипа вентилот и не можеме да го исклучиме
радијаторот”.
„Бојлерот е пред
распаѓање па ќе се тушираат со ладна вода, во најдобар случај со млака”.
„Нема ниту
омекнувач за вода, па водата се мачи да излезе од дупките во глвата на тушот”.