Утринава излегоа информации дека шпанската полиција го посетила хотелот во кој е сместен откако некој од вработените пријавил можно насилство во собата на Марадона, претпоставил дека Аргентинецот ја нападнал својата девојка Росио Олива.
Според извештаите на медиумите, Олива се јавила на рецепција и пријавила дека Мардона ја нападнал, по што тие повикале полиција.
Марадона ги негира ваквите пишувања:
„Сакам да ви кажам дека сум во Мадрид со мојата фамилија, го чекаме натпреварот со Наполи од Лигата на шампионите“ – напиша Марадона на својот фејсбук профил.
„Мојот адвокат Матиас Морла зборуваше со шпанските власти. Никогаш немало никаква поплака од мене и никој не може да објасни зошто медиумите прават циркус“.
„Тука си поминувам одлично, а тие нека зборуваат што сакаат“.