Од Премиерлига до четврта лига на Германија за шест месеци, но љубовта кон фудбалот е голема

by
2 минути читање

27 годишниот Германец
пред само шест месеци играше во Премиерлигата во дресот на Стоук но сега
поминува низ тешок период и наскоро ќе заигра во четвртата лига во Германија.

Во последниот ден
од летниот преоден рок, Стоук го испрати Филип Волшајд на позајмица во
Волфзбург, тој одигра три средби во септември, но потоа тренерот Дитер Хекинг
доби отказ и дефанзивецот се најде во немилост на новиот предводник на
„Волците“.

Исмаили не смета
на Филип Волшајд и играчот е „замрзнат“, а откако на почетокот на сезоната
настапи и за Стоук, правилата на ФИФА не дозволија фудбалерот да направи
трансфер во зимскиот преоден рок.

Стоук не сака да
го врати во своите редови со цел да го добие надоместокот од 1,5 милиони евра.

На
Филип Волшајд му се игра фудбал по секоја цена, па тој направи потег за почит и
од управата на Волфзбург побара да биде прекомандуван во резервите и да настапува
во четвртата лига на Германија .

„Сакам да играм
фудбал
– вели Волшајд,
кој има и два настапи за репрезентацијата на Германија.

„Па затоа побарав
средба со лидерите на клубот. Имавме добар разговор. За сите страни ова е
најдоброто решение во моментов
.

„Ќе играм за
вториот тим на Волфзбург и сакам што побрзо да се интегрирам и да помогнам
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани