Марадона се спречка со новинар во Мадрид: Ако те удрам, ќе те уништам! (ВИДЕО)

by
1 минути читање

На покана на
неговиот поранешен клуб Наполи, Диего Марадона оваа недела пристигна во Мадрид
за утре од свечната ложа на Сантијаго Бернабеу да го проследи дуелот со Реал во Лигата на Шампионите.

Присуството на
аргентинската фудбалска легенда привлекува големо внимание па новинарите го следат секој
негов чекор.

Ова не му се
допаѓа на Диего Марадона кој го загуби трпението и избувна
кога новинарот се пожали дека бил удрен.

„Удар? Не, не те
удрив. Ако те удрев ќе осташе без нос
– му порача Марадона на новинарот.

„Не можеш да
бидеш во хотелот доколку немаш соба. Не ме оставаш на мира да разговарам со
семејството
.

„Запомни, ако те
удрам, ќе те уништам!


Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани