Поранешен директор на Барса објасни зошто Ибра и Меси не функционирале

by
2 минути читање

Швеѓанецот во
2009 пристигна на Камп Ноу како големо засилување, но ја напушти Барселона само
12 месеци подоцна.

Се верува дека
главна причина зошто Златан Ибрахимовиќ имаше кратка авантура во Барселона е
Пеп Гвардиола, но веројатно за ова заслуга има и Лео Меси.

Поранешниот
директор на „Каталонците“ за маркетин, Марк Ингла сега открива дека имало
недоразбирање помеѓу двете големи ѕвезди.

„Зошто не му одше
на Ибра во Барса? Тој е ѕвер, машина. Но играше покрај уште една машина, малку
помала
– вели Ингал со
насмевка на лицето.

„Тој беше
премногу статичен, и на Меси веројатно му требаше повеќе простор. Златан
окупираше премногу простор
.

„Мислам дека
имаше одредено недоразбирање помеѓу нив двајцата
.

Во тој период,
Лео Меси се повеќе инситираше да биде прекомандуван од десната крилна позиција
во централниот дел од форот улога која му припаѓаше на Златан Ибрахимовиќ, и
секако Пеп Гвардиола ја исполни желбата на Аргентинецот.

Сезоната 2009/10,
Златан Ибрахимовиќ ја заврши со 21 гол на 46 натпревари, Меси погоди 49 на 54
средби.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани