Како кладбата со Клоп го направила Левандовски топ голгетер

by
2 минути читање

Полјакот важи за
еден од најдобрите напаѓачи на денешницата, и за тоа голема заслуга има
Јирген Клоп, под чие водство во Борусија Дортмунд, Роберт Левандовски заблежа
огромен напредок.

„Тој беше оној
кој веруваше во мене

вели Левандовски. „Не бев толку добар кога пристигнав во Дортмунд, тој ме
направи подобар
.

Харизматичниот
Германец на младиот напаѓач му понудил опклада, а правилата биле едноставни,
оној кој ќе погодел повеќе шутеви добивал 50 евра.

„Во првите три
или четири месеци на трензите имавме една игра, тој против мене. Имаше и
опкалада
.

„На почетокот тој
постојано победуваше! Но потоа, не баш толку. На крајот губеше! Не сакаше
повеќе да игра! Се работеше за 50 евра од натпревар и на крајот јас бев во
плус!

„Тогаш за прв пат
видов колку е важно да се тренира
.

„Видов што треба
да правам на теренот кога ја немам топката. Погледнете го Ливерпул и како тие
играат со пресинг. Тоа го начив од него
.

„Клоп исто така
го подобри мојот финиш. Кога дојдов во Дортмунд, не бев толку добар. Ми кажа да
се подобрам, и ми покажа како да го сторам тоа
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани