Најдобриот пријател на Роналдо, Бадр Хари осуден на две години затвор

by
1 минути читање

Пред една година весниците беа преполни со дружбата помеѓу Кристијано Роналдо и мароканскиот светски шампион во кик-бокс Бадр Хари.

Роналдо многу често патуваше во Мароко, што дури ги загрижи челниците на Реал Мадрид кои сметаа дека честите излети на Португалецот влијаат на неговите перформанси на теренот.

Роналдо доби опомена од раководството по што се намалија неговите посети во Мароко и престанаа пишувањата за интензивната дружба со Хари.

Пријателот на Роналдо сега е повторно актуелен, осуден е на две годишна затворска казна поради напад врз холандски бизнисмен Коен Еверинк во 2012 година. Хари во два наврати го нападнал бизнисменот, еднаш во ноќен клуб во Амстердам и уште еднаш на сличен настан во кој дури е обвинет и за обид за убиство со скршено шише.

Очекувањата се дека Хари ќе одлежи само шест месеци зад решетки.

Инаку, бизнисменот Коен Еверинк е убен во март минатата година, во својот дом бил избоден до смрт. Но Хари не е поврзан со неговото убиство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани