7 неверојатни рекорди кои Ибрахимовиќ ги постави откако е во Манчестер јунајтед

by
1 минути читање

35-годишниот Златан Ибрахимовиќ игра брилијантно во дресот на Манчестер јунајтед, неговата возраст не допринесува за пад во статистиката, напротив таа продолжува да биде на највисоко ниво.

Ибрахимовиќ против Лестер го постигна својот 15. гол во Премиерлигата, 20. во сите натпреварувања за Манчестер јунајтед.

Швеѓанецот има неколку неверојатни остварувања откако е член на Манчестер јунајтед:

1. Со 35 години и 125 дена, Ибрахимовиќ стана најстариот фудбалер во Премиерлигата кој постигнал 15 голови во една сезона.

2. Ибра има двоцифрен број на погодоци (во најдобрите пет лиги) во секоја од последните 11 сезони. Други двајца играчи на кои им успеало тоа се Кристијано Роналдо и Меси

3. Златан е на четвртото место на играчи на Манчестер јунајтед кои најбрзо стигнале до бројка од 15 голови во една сезона, пред него се само Руд ван Нистелрој (во 19 коло), Двајт Јорк (20 коло) и Робин ван Перси (21 коло).

4. Ибрахимовиќ има постигнато повеќе од 20 гола на клупско ниво во последните 10 сезони. Последен пат кога не успеал да постигна 20 голови е во сезоната 2006/2007 во Интер

5. Златан е првиот фудбалер на Манчестер јунајтед на кој му успеало да постигне по еден гол во првите три свои настапи во Премиерлигата

6. Од играчите од најголемите пет лиги во Европа, само Меси (51) постигна повеќе голови од Ибра (50) во сите клупски натпреварувања во 2016 година.

7. Откако постигна гол против Борнмут на своето деби во Премиерлигата, Златан има постигнато гол кога дебитирал во Премиерлигата, Серија А, Примера, Лига 1 и Лигата на шампионите.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани