Ливерпул синоќа со 2-0 загуби на гостувањето кај Хал, тимот на Клоп има само една победа на последните десет меча во сите натпреварувања и тоа против Плимут.
Фановите се загрижени поради лошата форма на тимот, но дали и сите фудбалери трагично ги прифаќаат поразите?
Фирмино е во лоша форма, исто како и сите негови соиграчи, синоќа имаше бледи 90 минути. Но што прави тој по поразот. Останува дома и размислува за она што се случило и како може да се подобри или излегува во град и се забавува како ништо да не се случило?
Бразилецот го одбрал второто со што уште еднаш покажа дека клубот на фановите им значи многу повеќе отколку на фудбалерите.
Фирмино не само што излегол со неговата сопруга во град, туку објавил и видео на инстаграм со што ги разбесни фановите на Ливерпул.
Roberto Firmino & Larissa Pereira (part II) pic.twitter.com/HUNaR5je8v
— 101 Great Goals (@102greatgoals) February 5, 2017