116
ФА строго забранува фудбалери и членови на стручниот штаб да се обложуваат бидејќи може да имаат влијание на натпреварите.
Бартон е обвинет дека се обложил 1260 пати во периодот од 26 март 2006 година до 13 мај 2016. Контроверзниот фудбалер денеска беше на сослушување во ФА каде го признал обвинението.
Бартон кој минатиот месец го напушти Ренџерс, имаше добиено еден меч суспензија од Шкотската фудбалска федерација поради тоа што 44 пати се обложил на мечеви одиграни помеѓу 1 јули и 15 септември.
ФА дополнително ќе одлучува за санкцијата на Бартон, фудбалерот веројатно го очекува долга суспензија.