Приведен фудбалер на Атлетико, ја истепал девојката

by
1 минути читање

„Колчонероси“ се
во резултатска криза а покрај слабите партии на теренот сега се во центарот на
вниманието и поради причини кои не се поврзани со фудбалот.

Младиот
дефанзивец Лукас Ернандез во раните утрински часови бил приведен во својот дом
под сомнение дека ја истепал неговата девојка.

Полицијата сега
го чека извештајот на медицинските лица за да се утврдат повредите.

Ел Мундо
пренесува дека 20 годишниот дефанзивец бил во алкохолизирана состојба.

Се очекува во
текот на денот Лукас Ернандез да биде изведен пред судија и да биде обвинет за
домашно насилство.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани