Роналдињо одново ќе го облече дресот на Барса, но на легендите

by
1 минути читање

Популарниот „Дињо“
одново ќе биде дел од семејството на Барселона, играчот и клубот постигнале
согласност за Бразилецот во иднина да биде амбасадор.

Покрај тоа што ќе
ја преставува Барселона на разни настани и активности, Роналдињо ќе биде дел и
од проектот „Легенди“.

Се работи за тим составен од поранешни играчи на Барса, кој преку натпревари
ширум светот помагаат за глобализација на брендот Барса.

Договорот ќе биде
потпишан утре во свечената ложа на Камп Ноу во присуство на претседателот Хосеп
Мариа Бартомеу.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани