19-годишниот Бразилец, со голема репутација пристигна од Палмеирас за сума од 27 милиони фунти, и веднаш почна да го оправдува големиот талент.
Пред доаѓањето на Пеп Гвардиола, Агуеро важеше за главен играч на Манчестер Сити, но Аргентинецот полека го губи местото во стартниот тим.
На синоќешниот меч Пеп реши да го седне Агуеро на клупа и за прв пат да стартува со Габриел Жесус, тоа се покажа како добитен потег.
Габриел Жесус имаше импресивен настап, во 17. минута му асистираше на Де Брујн за водство на Сити од 1-0, а на пет минути до крајот на првото полувреме постигна гол. Камерите го фатија изразот на лицето на Агуеро кога Жесус постигна погодок, Аргентинецот не беше најсреќен во тој момент.
Ваквиот развој на настаните може да значи дека Агуеро ќе треба да си побара нов клуб во летниот преоден рок, но може да биде и само мотив за Аргентинецот да ја врати најдобрата форма и да покаже кој е кој во Манчестер Сити.