94
По неуспешната авантура во Челси, Пато се пресели во Виљареал, но иако беше солиден во Примера, реши да ги одбере кинеските пари и по само шест месеци да ја напушти Шпанија.
Тој го комплетираше трансферот во Тианџин Куанџијан каде што тренер е славниот Фабио Канаваро. Тоа е клуб кој прв пат ќе игра во најсилната кинеска лига.
„Многу сум среќен што ќе бидам дел од оваа нова фамилија, Тианџин Куанџијан“ – напиша Пато на својот твитер профил.