Утринава е забележан чад од Олд Трафорд, имало пожар на „Сер Боби Чарлтон“ трибината но по брзата реакција на пожарникарите тој бил ставен под контрола и целосно елиминиран.
Настанот го потврди и Манчестер јунајтед преку соопштение:
„Клубот може да потврди дека утринава имаше мал пожар на трибината „Сер Боби Чарлтон“ кој брзо беше идентификуван. Противпожарните служби брзо го изолираа инцидентот и ефикасно се справија со огнот. Има минимални оштетувања, но нема повредени“.
Откако ја ставија ситуацијата под контрола, со соопштение излегоа и противпожарните служби.
„Утрово во 7 часот ни беше јавено за пожар на Олд Трафорд, брзо пристигнавме со три екипи и успеавме да го изолираме пожарот и да спречиме негово ширење. Се уште сме на таму со цел да го провериме остатокот од стадионот“ – се вели во соопштението од противпожарната служба.