504
Диего Коста влезе во кавга со Антонио Конте поради што беше изоставен од тимот за натпреварот со Лестер кој сините го добија со убедливи 3-0.
Официјалната верзија на неговото изоставување беше дека има повреда на грбот, но англиските медиуми веруваат дека е поради последните недоразбирања.
И покрај одличната сезона, Диего Коста сакаше преселба во Кина, но раководството на клубот не го дозволи тоа.
Челси игра перфектно и убедливо е на првото место, однесувањето на Диего Коста може да ја наруши атмосферата во тимот и љубовта која ја добива од навивачите.
Останува да видиме дали тој ќе биде во комбинација за следниот меч на Челси кој е во недела на домашен терен против Хал.