Јувентус има ново, необично лого со минималистички дизајн, радикална промена која ги изненади навивачите.
Дизајнот ја истакнува буквата „Ј“, а при неговата креација помогнала и мислата на Џани Ањели: „Секогаш во весниците кога ќе видам збор кој почнува на Ј се возбудувам“.
Претседателот на клубот, Андреа Ањели вели дека клубот долго истражувал барајќи го идеалниот дизајн за новото лого.
„Поминавме година истражувајќи што бара пазарот, но во исто време сакајќи да покажаме припадност и поглед кон иднината. Новото лого е симбол на начинот на животот на Јувентус“ – вели претседателот на клубот Андреа Ањели.
Life is a matter of Black and White. #2beJUVENTUS pic.twitter.com/qQgiPf0nKV
— JuventusFC (@juventusfcen) January 16, 2017
Рекциите за новото лого кај навивачите се различни, некои го прифаќаат новиот дизајн, други не се сложуваат со изборот на клубот. Во секој случај новото лого на Јувентус е револуционерно и нетипично, премногу едноставен дизајн за фудбалските клубови.