Венгер ги пецна Челси и Коста

by
1 минути читање

Чилеанецот
реагираше бесно на одлуката на Арсен Венгер да го повлече од игра во завршницата
од средбата со Свонси кога „Топчиите“ имаа предност од 0-4.

Медиумите на овој
потег на Алексис Санчез гледаат како на нов проблем за Арсенал со оглед на тоа
дека играчот е во преговори за нов договор и неговата иднина на Емирати
Стадионот е неизвесена.

Но Арсен Венгер вели
дека со задолство прифаќа ваков проблем наместо оној кој Диего Коста му го
креираше на Челси со одбивањето да игра.

„Со задоволство
би имал некој кој сака постојано да игра, наместо некој кој не сака да игра
– вели Французинот.

„И онака имам
доволно проблеми, па не ми е потребен и проблем каков што креираше Коста
.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани