Димитри Паје
минатата недела реши да штрајкува во обид да изнуди трансфер и ги известил
лидерите на Вест Хем дека нема намера да игра на дуелот со Кристал Палас.
На Славен Билиќ
не му се допадна ваквиот потег на Французинот, и на прес конференцијата
менаџерот на Вест Хем рече: „Гневен сум. Се чуствувам изневерено. Паје ме
разочара”.
Но медиумите од
Англија сега пишуваат дека Хрватот има
кратка меморија со оглед на тоа дека пред речиси 20 години и тој на
контроверзен начин го напуштил Вест Хем.
„Чеканите“ во
јануари 1996 потпишале со Славен Билиќ, кој со добрите игри за кратко време го
привлекол вниманието на неколку клубови.
Прв понуда
доставил Тотенхем, но Вест Хем одбил да го продаде играчот и му понудиле нов
побогат договор.
Сепак, клубот не
можел ништо да стори кога во март 1997 понуда доставил Евертон.
Тогаш Хари Реднап
говорел за тоа како е разочаран и гневен од однесувањето на Славен Билиќ.
„Доби фантастичен
договор, најголема плата во историјата на клубот. Го потпиша. Сега сака да замине,
мисли дека Евертон е поголем клуб и не можеме ништо да сториме” – рекол тогаш Реднап.
„Ние мислиме дека
и Вест Хем е голем клуб, но тој не се сложува со ова”.