Манчестер јунајтед отвори истрага откако Кристијано Роналдо беше обвинет дека по крајот на натпреварот против Евертон, удрил од земја телефон на навивач на „карамелите“.
Вечерва, ЦР7 се огласи на социјалните мрежи за да се извини и да го покани на гости навивачот на Евертон.
„Не е лесно да се справите со емоциите во тешки моменти како овие низ кои поминуваме. Без разлика на се, секогаш треба да покажеме почитување, трепение и да бидеме пример за младите кои го обожаваат фудбалот“ – напиша Роналдо на Инстаграм.
„Сакам да се извинам за моето однесување, ако е можно, сакам да го поканам навивачот да гледа натпревар на Олд Трафорд како знак на фер-плеј и спортски дух“.
Обложувај се онлајн на Моцарт, 100% бонус на прва уплата до 400 евра, регистрирај се на овој ЛИНК.