846
Феран Торес е големото засилување за Чави во зимскиот преоден рок, со Манчестер Сити е постигнат договор за трансфер од 55 милиони евра, плус додатни 10 милиони евра во бонуси.
Шпанецот денеска ги помина редовните лекарски прелгеди и во скоро време треба да пристигне официјална потврда.
Но тоа не значи дека Феран Торес ќе може да игра за Барселона, зелено светло треба да даде и Ла Лига. За офанзивниот фудбалер на биде регистриран, „каталонците“ ќе треба да се ослободат од неколку играчи и да направат место во „селари-капот“.
Први на излезна врата се Лук де Јонг и Јусуф Демир, а ќе се бара купец и за Филипе Кутињо, Самуел Умтити и Сержињо Дест.