Во историјата на Премиерлигата, често знаело да има многу голови на „Боксинг деј“, а таков е и денешниот.
Најефикасно беше на Етихад каде Манчестер Сити со 6-3 го победи Лестер.
Граѓаните уште во првото полувреме поведоа со 4-0 со голови на Де Брујне, Махрез, Гундоган и Стерлинг.
Но потоа следуваше шок за домашните, Лестер даде три гола преку Медисон, Лукман и Ихеначо и намали на 4-3.
Но брзо стигна студен туш од Лапорт кој зголеми на 5-3, а конечните 6-3 ги постави Стерлинг со својот втор гол.
Арсенал со 5-0 победи на гостувањето кај Норич. Сака даде два гола, по еднаш погодија Тирни, Лаказет и Смит Роу.
Тотнем со 3-0 го совлада Кристал Палас, Кејн, Лукас Мура и Сон ги дадоа головите.
Изненадување направи Саутемптон кој со 3-2 победи на гостувањето кај Вест Хем. Гостите трипати водеа, домаќините само двапати израмнуваа.