159
Неколку клубови од Серија Б се интересираат за Несторовски.
Последните информации од Италија велат дека Лече е заинтересиран за нашиот фудбалер.
Тие заедно со Парма, Кротоне и Монца ќе се борат за потписот на Македонецот.
Откако се врати од повредата, Несторовски седна на клупата на Удинезе и ретко добива шанса да игра. Клубот од Удине е подготвен да го продаде, а ако стигне вистинска понуда за него тоа ќе го стори следниот месец.