Нож под грло и пиштол на чело: Ограбена легендата на Удинезе, Ди Натале

by
1 минути читање

Фудбалерите, сегашни и поранешни, често се мета на крадци, медиумите од Италија пренесуваат дека низ кошмар поминал легендата на Удинезе, Антонио Ди Натале.

Група од 5-6 крадци
трпеливо чекала во грмушките во дворот на вилата на Антонио Ди Натале, и кога човек од
неговото поблиско семејство ја отворило вратата за да влезе дома, крадците
скокнале и на сила влегле во вилата, каде бил поранешниот фудбалер, неговата
сопруга и децата.

На Антонио Ди
Натале му бил ставен нож под грло, му бил вперен и пиштол во глава, па тој без
противење го предал часовникот Ролекс вреден околу 30.000 евра.

За среќа,
крадците се иплашиле од нешто и веднаш си заминале, не продолжиле да
пребаруваат скапоцени предмети и пари во другите соби од вилата, па страшната сцена кратко траела.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×