Легендата на Барса ветува максимална работа, вели дека тимот мора да победува, нерешено и пораз не е опција.
„Ќе работиме до максимум. На крајот, ние сме Барса, ние сме најдобриот клуб во светот и најдобриот клуб во светот треба да победува, не можете да играте нерешено или да губите. Затоа, барањата се максимални. Ќе се обидеме да ги направиме фудбалерите среќни. Ќе работиме напорно и со јасни цели за победа. Многу сум позитивен и ќе работиме напорно за да успееме“, вели Чави.
„Многу сум среќен, замислете, ова е најголемиот предизвик во мојата кариера, одгомен предизвик, се враќам дома во Барса и многу сум среќен. Секој го направи својот дел, особено клубот и многу сум благодарен на Барса и нивната доверба. Тие дојдоа до Доха, имаше раскин на договорот, секој го заврши својот дел и возбуден сум што се враќам во Барселона“.
„И јас сум искусил лоши периоди, не сум бил во Барса само во најдобрите денови од историјата, сакам да им ги пренесам идеите на играчите и да работиме напорно, да создадеме тим. Но прво ќе треба да разговарам со нив, да видам како се“.
Пет од актуелните фудбалери на Барселона играа заедно со Чави, тоа се Бускетс, Пике, Серхи Роберто, Алба и Тер Штеген.
„Тоа го гледам како предност. Ги знам петте фудбалери бидејќи ми беа соиграчи и тоа го гледам како позитивно бидејќи знам како тренираат, знам какви се, тие се тимски капитени. Го гледам тоа како предност“.