Чави летна кон Барселона, Лапорта најави три засилувања во јануари

by
1 минути читање

„Каталонците“ започнуваат нов проект со Чави на кормилото, легендата утрово ја напушти Доха и летна кон Барселона.

Младиот стратег пристигнува во деликатен момент, победи и титули треба да се бркаат без Лео Меси, а клубот има и ограничени ресурси за засилувања поради тешката финансиска состојба, односно намалените приходи и огромните загуби.

Жоан Лапота ќе се обиде да стори се што може за Чави да има конкурентен тим во продолжението од сезоната.

Претседателот на Барселона на синоќешното дружење со фановите од Галиција најавил три засилувања во јануари.

Едно од нив ќе треба да биде замена за Кун Агуеро, кој поради проблеми со срцето ќе биде надвор од стројот најмалку три месеци. Според пишувањата на АС, веќе е остварен контакт со Седрик Бакамбу, кој ги одработува последните месеци од договорот со Пекинг Гуан и ќе биде слободен играч од 1. јануари.

Можно е и ова да ти се допаѓа

×