На Балардини му се спрема отказ, Андриј Шевченко ќе му биде нов тренер на Пандев

by
1 минути читање

Џенова нема
победа речиси два месеци, па новите сопственици решиле да повлечат потег и да
му врачат отказ на Давиде Балардини.

Според добро
упатениот новинар Џанлука Ди Марцио, во пол позиција за тренерското столче е
Андриј Шевченко.

Преговорите со
легендата на Милан се во напредна фаза и тој наскоро ќе пристигне во Италија.
Се говори за тригодишна соработка, или договор на две години со опција за уште
една додатна сезона.

Андриј Шевченко,
кој пет години беше на кормилото на Украина, никогаш не криел дека сака еден
ден да биде тренер во Серија А.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани