247
Делегација на Барселона
во средата отпатува во Доха за да го ослободи Чави од обврските кон Ал Сад и да
го именува за наследник на Роналд Куман.
Попладнево од
таборот на Ал Сад соопштија дека паднал договор, Барселона ќе ја плати
откупната клаузула (од 5 милиони евра) и Чави ќе се врати на Камп Ноу.
Сепак, извори од
„каталонците“ за медиумите од Шпанија го негираат ваквиот развој на настаните.
Барселона не сака да ја плати клаузулата, ниту пак може бидејќи нема доволно
средства и ограничувањата од финансискиот фер-плеј на Ла Лига.
Клубот од Камп
Ноу е изненаден од соопштението на Ал Сад и верува дека ова е обид да се изврши
притисок.