Шпанецот оваа
недела седна на разговор со својот поранешен соиграч од Ливерпул, Џејми Карагер и
раскажа неколку искуства од својата кариера. За најлош момент го одбра поразот
со Реал Мадрид од Барселона, кога „кралевите“ загубија со 5-0 од лутиот ривал.
„Натпреварот на
Камп Ноу на кој загубивме со 5-0 е најлошата вечер на фудбалските терени во
мојата кариера. По 20 минути игра, сакав да излезам, да си одам дома и да се
истуширам. Беше толку многу болно… Но овој натпревар придонесе подобро да се
подготвиме за следната сезона, дека не можеме да бидеме толку наивни“ – вели Чаби
Алонсо за натпревар од сезоната 2010/11.
Очигледно Жозе
Мурињо и фудбалерите на Реал Мадрид извлекле добра поука, следната сезона ја
освоија титулата во Шпанија со рекорден број на бодови, најмногу постигнати погодоци,
најдобра гол разлика и најмногу победи.