Де Лаурентис го поддржа Гвардиола: Интелигентна и одговорна особа, ти благодарам (ФОТО)

by
2 минути читање

Претседателот на
италијанскиот прволигаш Наполи, каде настапува нашиот Елиф Елмас, Аурелио Де
Лаурентис се согласува со тренерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола во
критиките кон УЕФА и ФИФА за премногу натпревари на календарот.

Гвардиола ја
бранеше својата филозофија околу ротацијата која постојано ја прави со
фудбалерите на Манчестер Сити, а дополнително тврдеше дека УЕФА и ФИФА ги
уништуваат фудбалерите со бурниот распоред на натпревари.

„Тие се човечки
суштества, тие не се машини, потребен им е одмор, УЕФА и ФИФА ги уништуваат
фудбалерите, ова е премногу, немавме ниту една пауза во средина на една седмица
откако почна новата сезона, ниту една
“ рече Гвардиола, а на оваа тема се одзва
и Де Лаурентис.

Целосно се
согласувам со Гвардиола во однос на тоа што го кажа, националните првенства и
нивните навивачи не може да се игнорираат
“ напиша првиот човек на Наполи на
социјалните мрежи.

Пеп вели дека
УЕФА и ФИФА ги уништуваат фудбалерите, ова е тоа што јас го говорам практично
во интерес на фудбалот, конечно налетавме на интелигентна и одговорна особа, ти
благодарам Гвардиола
“ додаде тој во својата објава.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани