161
Мекени организираше домашна забава на која поканил 10 луѓе, меѓу гостите биле и Дибала и Артур.
Откако полицијата интервенираше, јавно се дозна за забавата, а резултатот е казна од Јувентус.
Тројцата фудбалери ќе бидат суспендирани за мечот со Торино, а можно е суспензијата да трае и некој меч повеќе.
„Тројцата фудбалери кои беа на забавата не се повикани за утрешниот натпревар“, потврди Пирло.
Поради пандемијата на ковид-19, клубовите строго забрануваат групирања на фудбалерите.