505
Романците загубија од Ерменија, тие важат за наш најголем ривал за второто место кое води во бараж, па овој нивни пораз е добра вест за нас.
Ерменија поведе со гол на Сперсијан во 56. минута, но Романија со два гола на Чичалду го сврте резултатот и на 2-1 во нивна полза.
Клучниот момент се случи во 78. минута кога Пушкаш доби црвен картон, а тоа максимално го искористи Ерменија.
Најпрво во 87. минута преку капитенот Харојан израмни на 2-2, а две минути подоцна поранешниот Вардарец, Барсегјан од пенал ја донесе победата од 3-2.
Ерменија има старт од соништата со три победи од три натпревари, Романија има еден триумф, тој од 3-2 против Македонија.