Бејл нема во план да остане во Тотнем: Според договорот, имам обврска да се вратам во Реал Мадрид

by
1 минути читање

Герет Бејл на
лето ќе разговара со својот агент околу својата иднина, меѓутоа, првично, како
што и самиот вели, според договорот има обврска да се врати во Реал Мадрид по
позајмицата во Тотнем каде е предвидено да биде до крајот на актуелната сезона.

Доколку
погледнеме од еден правен аспект, мојот договор вели дека јас имам обврска да
се вратам во Реал Мадрид
“ изјави Бејл.

Со ова немам
гест на непочитување кон никого, тоа е всушност факт, а јас морам да го
испочитувам договорот
“ додаде Велшанецот.

Реал Мадрид е
мојот клуб, а од тоа што досега јас го прифатив е да бидам во Тотнем до крајот
на сезоната на позајмица, а потоа да се вратам, тоа е досегашниот план,
причината поради која си заминав беше да добијам повеќе натпревари, да уживам
во фудбалот
“ заклучи тој.

Можно е и ова да ти се допаѓа

@2024 – Сите права задржани