Барањата на
агентот на Џанлуиџи Донарума, Мино Рајола во преговорите со Милан за нов
договор на голманот ги комплицираат самите преговори помеѓи обете страни,
особено за клубот од Милано.
Актуелниот
договор на Донарума истекува на лето, а се верува дека „Росонерите“ веќе го
ставиле Алфонс Ареола од Фулам како алтернативна опција доколку не успеат да
најдат заеднички јазик со Донарума и неговиот агент Рајола.
Според
информациите кои ги објави „МиланЊуз“, се верува дека Милан му понудил на
Донарума годишна плата од 8 милиони евра, вклучувајќи и бонуси, а договорот кој
е ставен на маса за време на преговорите е за период од пет години.
„Газета дело
Спорт“ извести дека Милан не е во можност да ја зголеми понудата, особено не во
една ваква тешка финансиска состојба и криза предизвикана од пандемијата со
ковид-19.
Рајола наводно
бара 10 милиони евра плата за Донарума по сезона, откупна клаузула, но и
договор за пократок временски период.