Поранешниот
фудбалер на Интер, Марко Матераци го истрола потпретседателот на Јувентус, како
и бивш фудбалер на клубот од Торино, Павел Недвед на социјалните мрежи по
коментарите на Чехот за битката за Скудетото оваа сезона.
Недвед во изјава
за „Дазн“ изјави дека неговиот син одел во средно училиште кога „Старата дама“
го освоила Скудетото во сезоната 2011/12, а сега тој вози автомобил и оди на
студии во Универзитет, со тоа што подвлече дека Скудетото и натаму е во рацете
на Јувентус.
Како и да е,
Матераци, кој му помогна на Интер да дојде до популарната „Триплета“ во
сезоната 2009/10, го истрола Недвед по неговите коментари.
„Павел… ние
сите посакуваме да е во можност да те види како ја освојуваш Лигата на
шампионите пред да заврши со студиите“ напиша Матераци алудирајќи на големиот
проблем на Јувентус во елитното европско клупско првенство, односно толку
посакуваната титула од тоа натпреварување.
„Моите деца ме
видоа како го подигнувам пехарот во Лигата на шампионите, како и на Светското
првенство…“ додаде тој во својата објава.