За време на пресконференцијата
на холандската фудбалска репрезентација, Георгино Вајналдум од Ливерпул беше
запрашан зошто не реагирал на ист начин со големиот скандал кој изби со Катар, како што тоа го стори во битката со расизмот во фудбалот.
Селекторот
на Холандија, Франк де Бур, како и заменик-капитенот на таа селекција, Вајналдум
подвлекоа дека УЕФА и ФИФА мораат да покажат каде има прекршување на човечките
права, а воедно и да не дозволи тоа да се повтори, доколку постои такво нешто.
Сепак, Вајналдум,
кој инаку е еден од предводниците кај фудбалерите во борбата против расизмот,
за што еднаш дури и вети дека ќе се повлече од теренот сред натпревар доколку
некој фудбалер биде навреден по расна основа, беше запрашан од холандскиот
новинар од „ЕСПН“, Паскал Камперман, зошто не се одзвал со слично барање и за
ситуацијата со Катар.
„Размислував
околу тоа прашање кое ми го постави, за расизмот и Катар. Дали навистина
разбираш што правиме ние?“ го праша Вајналдум новинарот.
„Да го споредуваш
расизмот со Катар, ти практично велиш дека во случај некој да е расист кон
некоја особа, тогаш таа особа не би требало да застане против тоа“ додаде тој.
„Бидејќи ќе
играте фудбал во Катар… ова е тотално погрешна концепција на работите, сега
велиш дека во случај некој да е навреден на расна основа, тогаш не треба да му
биде дозволено да се бори за себе“ подвлече фудбалерот од средниот ред на
Ливерпул.
„Тоа не може да
се спореди, искрено размислував на оваа тема, а на крајот дојдов до заклучок
дека нема никаква логика во тоа да се споредуваат тие две теми“ заклучи
Вајналдум.
Сево ова доаѓа откако „Гардијан“ минатиот месец пренесе дека повеќе од 6,500 работници-мигранти од Индија, Пакистан, Непал, Бангладеш како и Шри Ланка починале во Катар откако оваа земја ја доби трката за организација на Светското првенство пред десет години.
Се верува дека постојат огромни прекршувања на работничките права, а условите беа наречени „страшни“ од повеќе организации кои апелираа за итни санкции, за веќе Меѓународната конфедерација на синдикати (ИТУЦ) истите работници да ги нарече дури и „современи робови“ во својот извештај.