67
Топчиите сакаат да ја продолжат позајмицата на Одегард и за следната сезона или целосно да го откупат, но последниот збор ќе го има Реал Мадрид.
Во меѓувреме на оваа тема свое мислење даде и Одегард иако не кажа ништо посебно.
„Мојата иднина во Арсенал? Договорот со Арсенал е до крајот на сезоната. Ќе видиме што ќе се случи на лето. Сум рекол и претходно и уште стојам на тоа, стабилност и развој се клучните зборови“, вели Одегард.
Норвежанецот посакува само да биде во клуб каде што ќе може постојано да игра како би можел да се развива.