70
Милан освои три многу важни бода во битката за висок пласман во Серија А, росонерите со 3-2 ја победија Фиорентина на нејзин терен.
Резултатот го отвори Ибрахимовиќ со гол уште во деветата минута од натпреварот, но само осум минути подоцна Пулгар изедначи на 1-1.
По шест минути игра во вториот дел Рибери погоди за комплетен пресврт и водство на Фиорентина од 2-1, но радоста на виолетовите не траеше долго, во 57. минута Диаз реализираше за 2-2.
Во 72. минута Чалханоглу постигна гол и ги постави конечните 3-2.
Милан со оваа победа го искористи киксот на Јувентус му избега за четири бода на табелата, бјанконерите имаат и меч помалку, дербито против Наполи.