Челси под водсто
на германскиот фудбалски стратег Томас Тухел е нешто ново, силно, а во моментов
и непобедливо, откако Германецот запиша рекорд со најдобар старт во Челси како
тренер, односно 13 меча во низа без пораз.
Претходниот
рекорд го поседуваше Бразилецот Луис Фелипе Сколари кој 12 меча во низа немаше
пораз, а повеќе од јасно е дека Тухел „пука“ од самодоверба по одличниот старт
на клупата на Премиерлигашот, кој синоќа го потврди пласманот во четвртфиналето
во Лигата на шампионите откако го елиминираше Атлетико Мадрид.
„Прилично сум
убеден дека никој не сака да игра против нас, ќе биде ова тежок предизвик
бидејќи веќе влеговме помеѓу осумте најдобри екипи, тоа е голем чекор напред,
не треба да се плашиме, ќе го земеме тоа што ни е понудено и ќе се подготвиме
најдобро што можеме“ рече Тухел по реваншот со „Јорганџиите“.
Што се однесува
пак до Премиерлигата, таму составот на Тухел се наоѓа на четвртото место на
табелата со шест бода заостанување зад вториот на табелата, Манчестер јунајтед,
но само три бода предност во однос на петтопласираниот Вест Хем, кој има меч
помалку.